Драги наши,
Особено задоволство ни е да ве поканиме на првиот концерт на Националниот џез оркестар кој ќе се одржи на 23 јануари во салатa на НОБ, со почеток од 20 часот. Со овој концерт свечено ќе го одбележиме почетокот, односно продолжувањето на нашата работа, но овој пат како Национален џез оркестар.
На програмата се композиции за биг бенд од наши македонски автори од различни генерации, така што ветуваме уште еден незаборавен концерт.
Бидете таму, заедно да го одбележиме новиот почеток!
*** Билетите ќе може да ги набавите на https://mktickets.mk/
