25. издание на „Есенски музички свечености“ свечено ќе се отвори со концерт „Македонски сновиденија“ на Националниот џез оркестар.
Диригент: Владимир Николов
Македонскиот национален џез оркестар го претставува проектот „Македонски сновиденија“ – енергична фузија од македонски фолклор и современ џез. Програмата ќе ја диригира Владимир Николов, кој ќе го предводи оркестарот низ музичко патување инспирирано од длабоките културни корени на македонскиот фолклор, прераскажани преку јазикот на џезот.
