Национална опера и балет | 20:00 часот
Диригент: Џијан Емин
„𝑃𝑖𝑎𝑛𝑖𝑠𝑡 𝑝𝑎𝑟 𝑒𝑥𝑐𝑒𝑙𝑙𝑒𝑛𝑐𝑒“ – 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠
На 19 февруари, на сцената со Националниот џез оркестар ќе настапи 𝐑𝐞𝐧𝐚𝐭𝐨 𝐂𝐡𝐢𝐜𝐜𝐨 – пијанист и органист чиј музички израз се обликувал на њујоршката џез-сцена во 1990-тите години. Во тој период, како член на оркестарот на 𝐿𝑖𝑜𝑛𝑒𝑙 𝐻𝑎𝑚𝑝𝑡𝑜𝑛 и музички директор на 𝐽𝑜𝑛 𝐻𝑒𝑛𝑑𝑟𝑖𝑐𝑘𝑠 & 𝐶𝑜𝑚𝑝𝑎𝑛𝑦, Chicco делувал во самото јадро на американската биг-бенд традиција, настапувајќи и во култни џез-клубови како 𝐵𝑙𝑢𝑒 𝑁𝑜𝑡𝑒 и 𝐵𝑖𝑟𝑑𝑙𝑎𝑛𝑑.
Денес, неговиот авторски потпис најјасно се препознава преку звукот на хамонд-оргулите – инструмент кој во проектот 𝑂𝑟𝑔𝑎𝑛 & 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑 е поставен во центарот на оркестарскиот израз.
На концертот ќе биде изведена програмата од неговиот албум 𝙁𝒊𝙧𝒔𝙩 𝙀𝒏𝙘𝒐𝙪𝒏𝙩𝒆𝙧 – 𝙊𝒓𝙜𝒂𝙣 & 𝘽𝒊𝙜 𝘽𝒂𝙣𝒅 – проект што ги поставува хамонд-оргулите во современ биг-бенд формат, преку оригинални композиции и специјално пишувани аранжмани.
Специјален гостин на вечерта е 𝐀𝐧𝐝𝐲 𝐖𝐚𝐭𝐬𝐨𝐧 (Њујорк) – бубњар со богата кариера на американската џез-сцена и соработник на ансамбли како 𝑉𝑎𝑛𝑔𝑢𝑎𝑟𝑑 𝐽𝑎𝑧𝑧 𝑂𝑟𝑐ℎ𝑒𝑠𝑡𝑟𝑎 и 𝑇𝑜𝑠ℎ𝑖𝑘𝑜 𝐴𝑘𝑖𝑦𝑜𝑠ℎ𝑖 𝐵𝑖𝑔 𝐵𝑎𝑛𝑑. Неговиот препознатлив грув и стил претставуваат клучен елемент во звучниот идентитет на овој проект.

Ве покануваме да бидете дел од концерт посветен на звукот на хамонд-оргулите и на живиот дијалог помеѓу солистот и биг-бендот!
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/event/njo-renato-chicco/ и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
*****
Постер дизајн: Ема Велковска