Со особено задоволство ве покануваме на отворањето на изложбата „Трага во времето“.

Десет години посветеност, создавање и заедништво ја обликуваат приказната што стои зад патот на денешниот Национален џез оркестар.
Изложбата претставува сведоштво за една музичка визија која растеше низ годините – од првите чекори на здружението, преку заедничките стремежи и незаборавните моменти, до создавањето на оркестарот кој денес продолжува да ја гради својата приказна низ звукот на џезот.
14.07.2026 (вторник)
20:30 часот
Музеј на град Скопје
Влезот е слободен.