Loading Настани

« Сите Настани

  • Настаните се поминати.

NATIONAL JAZZ ORCHESTRA WITH STRING ENSEMBLE

јануари 30 @ 20:00 22:00

Новата концертна сезона ја отвораме со концерт на кој Националниот џез оркестар и гудачкиот ансамбл, составен од музичари на Националната опера и балет, се среќаваат на иста сцена. Во овој редок и внимателно обликуван спој, оркестарскиот звук се проширува и продлабочува, создавајќи нова звучна димензија.

Под диригентство на маестро Џијан Емин, ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески, со солистичко учество на Кирил Кузманов на саксофон и флејта, како и Бојан Цветковиќ на пијано!

Како драг гостин на вечерта ќе настапи нашиот пријател Георги Шарески — гитарист и композитор, чиј израз и музички сензибилитет природно се впишуваат во звучниот карактер на оваа концертна целина.

Ве покануваме заедно да ја споделиме оваа вечер —
вечер во која музиката зборува сама за себе
и нè носи надвор од секојдневниот ритам.

Се гледаме!

Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на https://mktickets.mk/…/national-jazz-orchestra-with…/ и на продажните места на MKTickets.

*****
Постер дизајн: Ема Велковска 

MKD1000

Филхармонија

Boulevard Goce Delchev 2, 1000
Skopje, 1000 North Macedonia
+ Google Map