Loading Настани

« Сите Настани

  • Настаните се поминати.

НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР И СТУДЕНТИ

октомври 8, 2024 @ 20:00 22:00

Националниот Џез оркестар со задоволство најавува специјален концерт, кој ќе се одржи на 8-ми октомври 2024 година, со почеток во 20:00 часот, во Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје. Овој уникатен настан ќе претставува спој на искуството на професионалните музичари и талентот на студентите од Факултетот за музичка уметност во Скопје и Џез академијата во Штип.

Концертот ќе понуди динамична програма, исполнета со разнородни џез композиции и иновативни аранжмани. Ова вечер ќе биде одлична можност, јавноста да ужива во креативноста и свежината на новите таленти, како и да ги поддржи во нивниот музички развој.

Ве покануваме да бидете дел од оваа незаборавна вечер, која ќе ги слави џезот и младите уметници.

Македонски Народен Театар

Iljo Vojvoda
Skopje, 1000 North Macedonia
+ Google Map