Национален Џез Оркестар & Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка – Free Groove
Диригент: Џијан Емин
Локација: Парк „Ибни Пајко“, Скопје
Датум: 30 јуни 2025 (понеделник)
Почеток: 20:30 часот
Влез: Слободен
Во духот на културна размена и пријателство помеѓу РС Македонија и Соединетите Американски Држави, Ве покануваме на посебна музичка вечер под отворено небо.
Концертот ќе го отвори Воениот оркестар на Армијата на САД за Европа и Африка – „Free Groove“, ансамбл составен од врвни музичари кои изведуваат внимателно одбран репертоар на џез, поп и современи аранжмани. Висока енергија, „грув“ и силен сценски впечаток кој нема да ве остави рамнодушни.
Националниот Џез Оркестар, како домаќин на вечерта, ќе настапи со својот уникатен музички израз и посебно селектирана програма со вокални солисти.

Настанот е дел од меѓународна иницијатива за унапредување на културната размена и дијалогот помеѓу уметниците и заедниците.
Ве очекуваме на 30 јуни во Парк „Ибни Пајко“ – заедно да ја прославиме моќта на џезот и пријателството преку музика. ![]()