Ознака: Kiril Kuzmanov

  • НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР И МАРИА МЕНДЕШ (ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ)

    НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР И МАРИА МЕНДЕШ (ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ)

    март 25 @ 20:00 22:00

    Известување: финансиските средства од продадените билети ќе бидат пренасочени за помош на засегнатите од трагедијата во Кочани на 16.03.2025.

    На 25 март, 2025 година, во Македонската опера и балет, со почеток од 20 часот ќе можеме да ја видиме извонредната Мариа Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, која ќе настапи заедно со Националниот џез оркестар. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

    Музиката на Мендеш претставува уникатна мешавина од џез и португалска фадо музика, a нејзините изведби имаат добиено признанија од истакнати музички легенди како Квинси Џонс, Вејн Шортер и Хермето Пашкоал кои ја опишуваат како „џез пејачка од највисок ранг”.

    Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, Марија Мендеш решава старите фадо нумери да ги изведе во модерно, џез руво. Овој органски спој им носи 4 Греми номинации за двата албуми: „Close To Me” (2019) и „Saudade, Colour of Love” (2022), од кои вториот беше аранжиран за џез ансамбл и камерен оркестар со гудачка и дрвена дувачка секција, изведен со познатиот холандски Метропол оркестар.

    Токму овој материјал, дополнително обработен за Биг Бенд оркестар од страна на Владимир Николов, Марија Мендеш и Јесе Пасение, ќе биде изведен во оваа специјална прилика, на концертот со Националниот џез oркестар.
    Покрај неколку легендарни фадо песни во репертоарот, значајно е што легендарниот Хермето Пашкоал ѝ посвети песна на пејачката со неговата експериментална верзија на фадо, изведена без зборови.

    Една од омилените песни на Марија е “Com Que Voz”, стара песна од Португалија чиj текст датира од пред 500 години, напишана од поетот Луиш де Камоеш, кој многумина го сметаат за португалски Шекспир. Оваа песна ја поставува атмосферата за публиката да стане сведок на една незаборавна вечер на музика, каде што богатиот оркестарски звук на Биг бенд оркестарот создава искри кога се среќава со возбудливата интеракција на страстниот глас на Мендеш, кој пее приказни за „saudade“, копнеж и љубов.

    Билетите за концертот може да ги набавите online на https://mktickets.mk/event/maria-nacionalen-jazz-orkestar/ и на продажните места на MKTickets.

    Вебсајт:
    https://maria-mendes.com/

    MKD1000.00

    Опера и Балет

    Bulevar Goce Delchev 4
    Skopje, Skopje 1000 North Macedonia
    + Google Map
  • JAZZ NOVA ВО ШТИП

    JAZZ NOVA ВО ШТИП

    март 6, 2024 @ 20:00 22:00

    На наше големо задоволство, ви го најавуваме концертот под наслов Jazz Nova на Националниот џез оркестар кој овој пат ќе се одржи на 6ти март, со почеток од 20 часот во Штип, во просториите на Н.У. Центар за култура “Ацо Шопов.”

    На програмата се композиции за биг бенд од наши македонски автори од различни генерации, така што ви ветуваме уште еден незаборавен настан.

    Овој концерт е прв од низата концерти кои ќе бидат изведени во текот на годината од страна на нашиот оркестар во градовите низ Македонија. Целта на овие концерти е да допреме поблиску и до публиката која не е сконцентрирана во главниот град, а секако е желна да слушне и ужива во квалитетна музика и изведба.

    Билетите по цена од 300 денари може да ги набавите во билетарата на Центарот за култура, секој ден од 16:30 до 20:30 часот.

    Штип, и околината, и сите вие кои би сакале да го проследите овој концерт, се гледаме на 6ти март!

    Опера и Балет

    Bulevar Goce Delchev 4
    Skopje, Skopje 1000 North Macedonia
    + Google Map