декември 15, 2024 @ 12:00 – 17:00
Драги пријатели,
Пред самиот крај на годината, ви најавуваме уште еден музички спектакл – ✶
Новогодишен детски џез концерт
✶, од најмладите за најмладите, на кој ќе бидат изведени светски најпознатите и најубавите новогодишни композиции.![]()

Овој пат, ќе ги споиме искуството со младоста и талентот. Нашата сцена ќе ја разубават и ќе ја делат со Националниот џез оркестар следните учесници:
Лена Илиевска ![]()
Алексеј Ивановски ![]()
Нела Манческа ![]()
Ирина Давидовска ![]()
Бисера Мојаноска ![]()
Хорот при ООУ „Дане Крапчев,“ предводен од наставникот Ванчо Јовчев.
Балетското студио за класичен балет и модерен танц “Балерина,” предводено од балетскиот педагог Маја Каревски.
Диригент на концертот ќе биде маестро Џијан Емин.![]()
Оркестарот продолжува со тенденцијата да ја доближи џез музиката до сите генерации, а овој концерт ветува добра музика и забава за целото семејство во нaјубавиот период од годината. ![]()
![]()
![]()
Недела, 15 декември, 12ч. Македонска Филхармонија ![]()
Ве очекуваме!
Билетите ќе бидат пуштени во продажба наскоро, за што навремено ќе ве известиме.