Ознака: vladimir nikolov

  • НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР И МАРИА МЕНДЕШ (ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ)

    НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР И МАРИА МЕНДЕШ (ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ)

    март 25, 2025 @ 20:00 22:00

    Известување: финансиските средства од продадените билети ќе бидат пренасочени за помош на засегнатите од трагедијата во Кочани на 16.03.2025.

    На 25 март, 2025 година, во Македонската опера и балет, со почеток од 20 часот ќе можеме да ја видиме извонредната Мариа Мендеш, португалска пејачка и композиторка која живее во Холандија, која ќе настапи заедно со Националниот џез оркестар. Диригент на концертот ќе биде маестро Владимир Николов.

    Музиката на Мендеш претставува уникатна мешавина од џез и португалска фадо музика, a нејзините изведби имаат добиено признанија од истакнати музички легенди како Квинси Џонс, Вејн Шортер и Хермето Пашкоал кои ја опишуваат како „џез пејачка од највисок ранг”.

    Заедно со пијанистот и аранжер Џон Бизли, Марија Мендеш решава старите фадо нумери да ги изведе во модерно, џез руво. Овој органски спој им носи 4 Греми номинации за двата албуми: „Close To Me” (2019) и „Saudade, Colour of Love” (2022), од кои вториот беше аранжиран за џез ансамбл и камерен оркестар со гудачка и дрвена дувачка секција, изведен со познатиот холандски Метропол оркестар.

    Токму овој материјал, дополнително обработен за Биг Бенд оркестар од страна на Владимир Николов, Марија Мендеш и Јесе Пасение, ќе биде изведен во оваа специјална прилика, на концертот со Националниот џез oркестар.
    Покрај неколку легендарни фадо песни во репертоарот, значајно е што легендарниот Хермето Пашкоал ѝ посвети песна на пејачката со неговата експериментална верзија на фадо, изведена без зборови.

    Една од омилените песни на Марија е “Com Que Voz”, стара песна од Португалија чиj текст датира од пред 500 години, напишана од поетот Луиш де Камоеш, кој многумина го сметаат за португалски Шекспир. Оваа песна ја поставува атмосферата за публиката да стане сведок на една незаборавна вечер на музика, каде што богатиот оркестарски звук на Биг бенд оркестарот создава искри кога се среќава со возбудливата интеракција на страстниот глас на Мендеш, кој пее приказни за „saudade“, копнеж и љубов.

    Билетите за концертот може да ги набавите online на https://mktickets.mk/event/maria-nacionalen-jazz-orkestar/ и на продажните места на MKTickets.

    Вебсајт:
    https://maria-mendes.com/

    MKD1000.00

    Опера и Балет

    Bulevar Goce Delchev 4
    Skopje, Skopje 1000 North Macedonia
    + Google Map
  • ЏЕЗ ЛЕКТИРА: QUINTESSENCE BY QUINCY JONES

    ЏЕЗ ЛЕКТИРА: QUINTESSENCE BY QUINCY JONES

    јануари 24, 2025 @ 20:00 22:00

    Драги наши,

    Ви го најавуваме почетокот на новата концертна сезона со еден задолжителен настан – Џез лектира: Quintessence by Quincy Jones!

    Концертот го покрива значајниот биг-бенд опус на сестраниот музички магнат Квинси Џонс, почнувајќи од неговиот прв албум издаден во 1959 година, ексклузивни неиздадени аранжмани; негови аранжмани за Френк Синатра и оркестарот на Каунт Бејси, како и биг-бенд аранжмани на композиции од подоцнежниот поп период кога Квинси доминира како аранжер и продуцент. Во овој дел од концертот како солисти ќе ги видиме:

    Калина Велковска
    Светлана Јовановска
    Ана Петановска
    Дејан Бобиќ Дексо
    Сашо Гигов Гиш
    Џон Илија Апелгрен

    Диригент на концертот е маестро Владимир Николов.

    За плакатот е искористена графиката “Шарен џезер” на академскиот сликар Сергеј Андреевски од циклусот “Џезери”, прва во низата дела кои ќе бидат употребени за нашите плакати во текот на оваа година.

    Quintessence by Quincy Jones е уште една џез лектира која не смее да остане непрочитана!

    *****
    Квинси Џонс е легендарна фигура од музичката индустрија, композитор, аранжер, диригент, инструменталист, водач на бендови и продуцент со огромно влијание врз американската култура повеќе од 70 години, кој има работено со врвни уметници од секоја ера на популарната музика, од бибоп до хип хоп. Добитник на безброј признанија, вклучувајќи и вкупно 80 Греми номинации, рекорд на сите времиња, од кои освоени 28.

    Џонс има продуцирано три од најуспешните албуми на Мајкл Џексон: Off the Wall (1979), Thriller (1982) и Bad (1987). Во 1985 година, Џонс ја продуцира и диригира хуманитарната песна „We Are the World“, наменета за собирање средства за жртвите од глад во Етиопија. Има компонирано музика за бројни филмови, вклучувајќи ги „The Pawnbroker“ (1965), „In the Heat of the Night“ (1967), „Wiz“ (1978) и „The Color Purple“ (1985).

    Сепак, Квинси Џонс станува популарен како џез-аранжер и диригент уште претходно, давајќи значаен придонес во светот на биг-бенд џезот, особено во доцните 1950-ти и раните 1960-ти години. “The Birth of a Band!” (1959), “The Great Wide World of Quincy Jones” (1959), “Big Band Bossa Nova” (1962), The Quintessence (1962) “Quincy Jones Plays Hip Hits” (1963), “Walking in Space” (1969), “Gula Matari” (1970), “Smackwater Jack” (1971) се албуми кои ја истакнуваат способноста на Квинси Џонс да спојува различни музички стилови и се одраз на неговиот иновативен пристап кон биг-бенд музиката. Неговата работа во овој жанр помага да се одржи биг-бенд џезот како релевантен и возбудлив во време кога други музички стилови се здобиваат со популарност.

    Квинси како џез-аранжер, композитор и диригент станува популарен уште претходно, а неговите албуми ја истакнуваат способноста да спојува различни музички стилови и се одраз на неговиот иновативен пристап кон биг-бенд музиката. Соработува со низа истакнати биг-бендови – неговиот сопствен биг-бенд основан во доцните 50-ти, биг-бендот на Лајонел Хемптон, Каунт Бејси, Дизи Гилеспи.

    Овој сестран музички магнат го изгубивме на крајот на минатата година, но неговото наследство ќе се пренесува на новите генерации.

    Опера и Балет

    Bulevar Goce Delchev 4
    Skopje, Skopje 1000 North Macedonia
    + Google Map