🔥 Cuban Jazz Explosion во Скопје! 🔥
Од Хавана до Скопје – Alain Pérez заедно со Националниот џез оркестар и осумчлената ритам-секција La Orquesta ве носат на незаборавно патување низ салса, тимба и џез.
Овој април, Скопје станува дел од европската турнеја La Fiesta Tour на Alain Pérez – музичар кој со децении ја пренесува енергијата на кубанската музика на светските сцени. 🌍

Alain Pérez е мултиинструменталист, пејач, композитор и продуцент, кој го стекна своето светско признание како член на легендарниот латин-џез состав Irakere под водство на Chucho Valdés, и како долгогодишен соработник на фламенко-иконата Paco de Lucía.
Во текот на кариерата соработувал со музички великани како Chick Corea, Wynton Marsalis, Celia Cruz, Rubén Blades, Paquito D’Rivera, Diego El Cigala и Isaac Delgado, создавајќи уникатен звук кој ги спојува салсата, тимбата, џезот и фламенкото во моќна музичка експлозија.
Добитник на Grammy и Latin Grammy признанија, Alain Pérez денес важи за еден од најистакнатите претставници на современата афро-кубанска музика.
Подгответе се за вистинска кубанска фиеста, со енергија и ритам што се чувствуваат со цело тело! 🥁💃
Билетите за концертот може да ги набавите онлајн на mktickets.mk и на продажните места на MKTickets.
Билети со 50% попуст за студенти и пензионери ќе бидат достапни на денот на концертот, еден час пред почетокот, на билетарницата на Националната опера и балет, со приложување соодветен документ.
Билетите може однапред да се резервираат на: info@jazzorchestra.mk