ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ:
НАСТАНОТ СЕ ПРЕМЕСТУВА ВО МАКЕДОНСКА ФИЛХАРМОНИЈА (МАЛА И ГОЛЕМА САЛА). ВЛЕЗОТ ОСТАНУВА БЕСПЛАТЕН!
TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ — VOL.10
10 години во ритамот со светот. Деценија џез на наша адреса.
Десет години Скопје дише во ист такт со светот. Оваа година го заокружуваме првиот голем јубилеј на TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ – фестивалот кој го претвори Меѓународниот ден на џезот во најголемиот целодневен музички собир во срцето на градот.
30-ти април, Македонска Филхармонија (мала и голема сала).
Ве покануваме на десеттото издание на TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ.

LINE UP / ПРОГРАМА
12:00 | JAZZ FOR KIDS (Парк Фредерик Шопен – Кисела Вода)
16:00 | NEXT TO SILENCE (MK)
17:00 | PEACH VICE (MK)
18:00 | ARNAU GARROFÉ: “FRANTIK ZEN” (ES/BG)
19:00 | JACO LIVES!
НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР & DANE ALDERSON (MK/AU)
Jaco Pastorius Tribute | Диригент: Sigi Feigl (AT)
20:00 | ЛЕБ И СОЛ (MK)
„Џезот не е само музика, џезот е начин на живот, начин на постоење и начин на размислување.“ – Нина Симон
По иницијатива на легендарниот Херби Хенкок, во 2011 година UNESCO го прогласи 30 април за Меѓународен ден на џезот. Оттогаш, секоја година над 190 земји се обединуваат во оваа прослава, препознавајќи го џезот како уметност што ги поврзува луѓето, ги премостува разликите и создава простор за слобода, дијалог и заедништво.
Оваа година, со фестивалот „TODAY IT’S ALL ABOUT JAZZ“ Скопје повторно станува дел од глобалната мрежа на градови кои го слават џезот.