Loading Настани

« Сите Настани

  • Настаните се поминати.

MACEDONIAN DREAMS

мај 5 @ 20:00 22:00

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „BOZAR“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“.

„Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со гордост ја носи на сцената на културниот центар Bozar @bozarbrussels претставувајќи ја македонската културна и музичка традиција во современ контекст. Диригент на концертот е маестро Владимир Николов @vladimirnikolov.music.

Концертот во „BOZAR“ е дел од пошироката програма на „Денови на македонската култура“, која има за цел да ја афирмира македонската уметност и култура пред европската публика. Манифестацијата е организирана и поддржана од страна на Министерство за култура.

Bozar

Rue Ravenstein 23
Bruxelles, 1000 Belgium
+ Google Map